(Видео) „Слоновите“ ја освоија титулата, Але херој на нацијата

Видео-„Слоновите-ја-освоија-титулата-Але-херој-на-нацијата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Брегот на Слоновата коска на домашен терен стана шампион на Африка. Во финалето, Брегот на Слонова коска ја победи Нигерија со 2:1 (0:1). Апсолутен херој на „слоновите„ е Себастијан Але, фудбалер на кого кон крајот на 2022 година му беше дијагностициран рак. Напаѓачот на Борусија Дортмунд голото со кој на Брегот на Слоновата коска и го донесе третиот трофеј во историјата, го постигна во 81.минута.


Брегот на Слоновата коска одигра неверојатен турнир. Самите не знаат како минаа во нокаут фазата, откако загубија два натпревари во групата. Во четвртфиналето против Мали, со играч помалку изборија продолженија во 90.минута, а до победата дојдоа во 120.минута. Против ДР конго, во полуфиналето, решавачки беше голот на Але.

Од 38.минута Нигерија имаше предност со голот на капитенот Еконг.

Во второто полувреме Кеси изедначи во 62., а голот за победа го постигна Але во 81.минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK