Брера е единствениот тим со три победи на стартот од сезоната во Првата фудбалска лига. Струмичкиот тим го совлада актуелниот првак Струга ТЛ на гости со 1:2.
Шкендија исто така има максимален ефект, но од два одиграни натпревари.
Погледнете ги сите голови од третото во Првата фудбалска лига. Крсте Велкоски изведе мајсторија од слободен удар, исто како и Дарко Глишиќ, а Ален Јашароски постига хет-трик на дуелот со Вардар (3:2).