(Видео) Шведска ја декласира Естонија

Видео-Шведска-ја-декласира-Естонија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведска со убедливата победа над Естонија во Талин, фати приклучот со Австрија и Белгија, во Ф-групата за пласман на Европското првенство.



Репрезентацијата на „Трите круни“, во четвртото коло го одигра најдобриот меч од почетокот на квалификацискиот циклус. Во Талин, пукна „петарда“ во мрежата на Естонија.

Шведска поведе со 0:1 со голот на новиот напаѓач на Спортинг Лисабон, Џокерес во 18. минута, а во 24. минута Кулушевски погоди за 0:2. Резултатот на првото полувреме од 0:3 го постави Исак со гол во 39. минута.

Колапсот на естонците го комплетираа Кваисон во 75. и Клаесон во 92.минута.

На табелата во Ф групата по 10 бода имаат Австрија и Белгија, Шведска освои шест бода, По еден бод досега освоија Естонија и Азербејџан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK