Шаќири е првиот во историјата со постигнат гол на шест големи турнири по ред

12312284.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири е првиот европски играч кој постигнал гол во шест последователни големи натпреварувања. Серијата


Шаќири ја започната на Светското првенство во 2014 година. Тогаш беше стрелец за Швајцарија против Хондурас, па погоди на ЕП две години подоцна, па на уште едно СП, па на ЕУРО 2020, а постигна гол и на Мундијалот во Катар.

Неверојатната серија продолжи синоќа во Келн кога постигна убав гол против Шкотска за 1:1

„Сакав да ја искористам грешката на противникот, потоа видов дека голманот излезе повеќе од што треба и си помислив: Можам да шутнам. Мило ми е и што не ги повредив колената додека славев. Но, секако, важен гол, но и убав. Се надевам дека луѓето ќе ме паметат по тоа“, изјави Шаќири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK