(ВИДЕО) Шакари Ричардсон најбрза на 100 метри кај дамите

richardson.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската спринтерка Шакари Ричардсон е новата светска шампионка на 100 метри. Таа во финалната трка во Будимпешта беше побрза од спринтерките од Јамајка, Шели-Ен Фрејзер-Прајс и Шерика Џексон и се закити со златниот медал.


Ричардсон ја мина патеката на 100 метри за време од 10,65 секунди.

Светската шампионка на 200 метри од Орегон, Шерика Џексон, заврши на второто место со резултат 10,72 секунди, додека Шели-Ен Фрејзер-Прајс мораше да се задоволни со бронзата откако истрча за 10,77 секунди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK