(Видео) Сефте за Гостивар, Вардар и со играч повеќе не успеа да го победи Силекс

1111.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вардар во четвртото коло го освои првиот бод во новата сезона, но се уште нема победа во првенството. На дебито на новиот тренер Вардар одигра 2:2 со Силекс. За разлика од Вардар, Гостивар ја запиша првата победа сезонава. Гостиварци го победија Работнички. Во ова коло победи и Шкендија, а Македонија ЃП и Шкупи ремизираа.


Вардар се уште чека на првиот триумф во новиот шампионат. Црвено-црните на дебито на новиот тренер, Александар Васоски го освоија првиот бод во сезоната. Вардар, против Силекс играше со фудбалер повеќе 50.минути, два пати водеше, но не успеа да победи.

Љамалари направи пенал и доби црвен картон во 39.минута. Сигурен реализатор на пеналот беше Мицевски. На почетокот на вториот дел, во 52.минута израмни Ангелески. Велковски осум минути подоцна му ја врати предноста на Вардар. Конечниот резултат 2:2 го постави Николиќ во 86.минута.

https://topsport.mk/wp-content/uploads/2023/08/66v15.mp4

Фудбалерите на Гостивар првата победа во Првата македонска фудбалска лига ја забележаа против Работнички. Гостиварци кои беа поразени во првите три рунди, славеа со головите постигнати на почетокот и во финишот на натпреварот. Потук го постигна првиот гол во 12.минута, а конечните 2:0 ги постави Селмани во 80.минута.

Шкендија ги освои бодовите во дуелот со Брегалница. Екипата од Тетово славеше со 2:0 со головите на Аганспахиќ во 62. и Дите во 97. минута.

Скопската пресметка меѓу Македонија ЃП и Шкупи заврши без голови.

Резултати, 4.коло:

Вардар-Силекс
Македонија ЃП-Шкупи
Гостивар-Работнички
Шкендија-Брегалница

Четврток, 24.август:

АП Брера Струмица-Тиквеш

Натпреварот Воска спорт-Струга е одложен поради обврските на Стружани во Конференциската лига и ќе се одигра на 27.септември.

Табела:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK