Фудбалерите на Србија загубија од Русија со резултат 4:0, во пријателски натпревар одигран на стадионот „Лав Јашин“ во Москва. Србија е првата европска репрезентација која одигра натпревар со Русија од почетокот на војната во Украина.
Клучен момент на натпреварот беше црвениот картон за Милан Гајиќ во 19. минута откако го повлече дресот на Данило Хлушевич. Пеналот го реалзиираше Антон Миранчук во 22. минута.
Потоа Максим Осипенко во 32.минута зголеми на 2:0. Во вториот дел стрелци беа Алексеј Миранчук во 55. и Иван Сергеев во првата минута од судиското надополнување на вториот дел од натпреварот.