(Видео) Роналдо казнет за недоличното однесување

Видео-Роналдо-казнет-за-недоличното-однесување.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија му изрече казна на Кристијано Роналдо за недоличното однесување во текот и по натпреварот со Ал-Шабаб.



Португалецот падна на провокациите од трибините. Навивачите на Ал-Шабаб во текот на мечот извикуваа „Меси, Меси“.

Според „Дејли Мејл“, Роналдо доби суспензија од два натпревари. Повикувајќи се на пишувањата на медиумите во Саудиска Арабија, „Дејли Мејл“, пишува дека покрај суспензијата, Роналдо ќе добие и парична казна.

Роналдо ќе ги пропушти натпреварите со Ал-Хазма во четврток, како и со Ал-Аин во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони.

Роналдо, инаку, е најдобар стрелец во лигата со 20 гола на 22 натпревари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK