Фудбалерите на Рома со убедлива победа над Каљари (4:0) го затворија 23.коло во Серија А. Рома ја забележа третата победа во низа со новиот тренер Даниеле Де Роси.
Во победата на Рома блескаше Паоло Дибала, кој под новиот тренер игра како прероден.
Откако Лоренцо Пелегри во втората минута го постигна првиот гол, Дибала со два гола ја заклучи победата на „волчицата“.
Конечниот резултат во 58.минута го постигна талентираниот тинејџер Деан Хојсон.
Со овој триумф Рома дојде до 38 бода и ќе преноќи на петтата позиција во Серија А, додека Каљари е на 18. позиција со исто толку бодови.