(Видео) Рекордерот Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата


14090230.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелните светски шампиони, Аргентина, го продолжија својот поход кон одбрана на титулата со победа над Австрија (2:0) во второто коло од Групата Ј.


Сè што направија „Гаучосите“ на стадионот во Далас беше во знакот на Лео Меси. Најголемата аргентинска ѕвезда влезе во историјата на Светското првенство.

Тој ги постигна двата гола за својата репрезентација, а воедно стана и апсолутно најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Интересно е што Аргентина постигна пет гола на два натпревари, сите од еден играч, Меси.

Можеше да комплетира уште еден хет-трик, но неговиот удар од пенал во деветтата минута заврши покрај стативата.

Половина час подоцна, по прекрасна акција, Меси влезе во историјата со својот 17-ти гол на Светските првенства.

Во финишот во петтата минута од судиското продолжение, тој ги постави конечните 2:0, што дефинитивно ги одведе Аргентинците во следната фаза од Светското првенство, каде што веќе се Германија, Мексико и САД.

foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK