(Видео) Разговорот меѓу судиите докажува дека Болоња беше оштетена против Јуве

H3O9mIN9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аудио-снимката од разговорот помеѓу судијата и ВАР-собата на мечот Јувентус-Болоња беше објавена јавно, со што се докажа дека гостите биле оштетени кога не им беше досуден пенал.


Инцидентот се случи додека Болоња водеше со 1:0 на гости, кога Ден Ндоје беше блиску до топката и беше соборен од Семјуел Ајлинг Јуниор. Судијата Марко ди Бело реши дека нема доволно елементи за пенал, но контроверзите дојдоа кога двајцат ВАР-судии, Франческо Фурно и Луиџи Наска ги прегледуваа снимките и дискутираа за спорниот момент. Снимката беше објавена од АИА, асоцијацијата на италијански судии и со коментар на шефот на организацијата, Џанлука Роки.

„Тоа беше јасен пенал, голем како куќа. Се работеше за погрешна проценка, која беше премногу кратка. Ди Бело згреши што не ги разгледа двете позиции на играчите, додека ВАР исто така направи пропуст“, изјави Роки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK