(Видео) Расел меч-винер, Лејкерси ги победија Милвоки Бакс

970894289fb05eb8bb01ca46a8e1e744.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во трилер завршница славеа победа 123:122 над Милвоки Бакс. Во отсуство на леброн Џејмс, меч-винер бее ДиАнџело Расел.


ЛА Лејкерси, славеа со поените на расел, постигнати на шест секунди до крајот на мечот. Последниот напад за Милвоки не успеа да го реализира Демијан Лилард.

Расел натпреварот го заврши со 44 поени, шест скока и девет асистенции. На спортивната настрана на Бакс не им помогна ниту Јанис Адетокумбо, кој забележа трипл-дабл од 34 поени, 14 скокови и 12 асистенции.

Во редовите на Лејкерси, Ентони Дејвис додаде 22 поени со 13 скока и пет асистенции, додека Остин Ривс постигна 18 поени.

За Бакс, Демијан Лилард постигна 28 поени со 12 асистенции, Пол Конатон додаде 17, а Малик Бисли 14 поени.

Резултати:

Филаделфија – Њу Орлеанс 95:103
Вашингтон – Шарлот 112:100
Кливленд – Минесота 113:104
Њујорк – Орландо 98:74
Мемфис – Атланта 92:99
Оклахома – Мајами 107:100
Портланд – Хјустон 107:123

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK