(Видео) Осум гола во Сан Себастијан, Сосиедад ја победи Гранада

Видео-Осум-гола-во-Сан-Себастијан-Сосиедад-ја-победи-Гранада.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Реал Сосиедад ја совладаа Гранада во Сан Себастијан со 5:3 во четвртото коло од шпанската Ла Лига.



По овој триумф Баскијците стигнаа до шест бода на своето конто, додека Гранада остана на три бода.

Во првото полувреме по дождот на „Аноета“, блескаше Јапонецот Таке Кубо, кој беше двоен стрелец во деветтата и 44. минута. Гостите израмнија со автогол на Ле Норман во 35. минута.

Во вториот дел домашните фудбалери апсолутно доминираа, но впечатокот го расипаа во самиот финиш.

На 3:1 зголеми Зубименди во 59. минута, Баренечеа во 67. на 4:1, а Бош си постигна автогол во 76. минута за 5:1.

Гранада во финишот постигна два гола преку Боје во 83. минута и Сарагоса во 99. минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK