(Видео) Оклахома го преживеа Њу Орлеанс, убедливи победи на Милвоки и ЛА Клиперс

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оклахома сити Тандер, Милвоки Бакс и ЛА Клиперс водат со 1-0 во плеј-оф сериите против Њу Орлеанс Пеликанс, Индијана Пјесерс и Далас Маверикс.


Драматичен натпревар одиграа Оклахома и Њу Орлеанс, победија домаќините со 94:92. Пеликаните имаа шут за победа, но Мекалум не успеа да погоди тројка.

Шеј Гилџис-Александер беше најефикасен кај победниците со 28 поени, а го следеше Џејлен Вилијамс со 19. Треј Марфи постигна 21 за Пеликанс, додека Мекалум постигна 20 поени. Пеликаните беа без најдобриот играч Зион Вилијамсон.

За разлика од овој меч, немаше драма на дуелот меѓу Милвоки кој настапи без Џанис Адетокумбо и Индијана. Бакс веќе имаа 27 поени предност на полувремето и рутински ја завршија работата. Бакс на крајот славеа со 109:94.

Демијан Лилард блескаше со 35 поени, шест скока и три асистенции. Одлично му асистираше Крис Мидлтон со 23 поени и десет скока. Кај Пејсерси единствен расположен за игра беше Паскал Сијакам со 36 поени и 13 скока.

Убедлив триумф во првиот меч остварија Клиперси против Далас (109:97). Екипата од Лос Анџелес, во првата четвртина стекна двоцифрена предност, во текот на мечот неколку пати водеа и со 26 поени разлика.

Клиперси имаа тројца играли со 20+ поени. Најефикасен беше Џејмс Харден со 28 поени и осум асистенции, Пол Џорџ и Ивица Зубац постигнаа по 22, Зубац имаше и 15 скокови.

На спротивната страна Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг постигнаа практично две третини од поените на Далас. Дончиќ постигна 33 поени, 13 скока и шест асистенции, а Ирвинг 31 поен, седум скока и четири асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK