(Видео) Њукасл го издржа нападот на Милан на „Сан Сиро“

Видео-Њукасл-го-издржа-нападот-на-Милан-на-„Сан-Сиро.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

И покрај тоа што имаа над 20 удари на противничкиот гол, Милан мораа да се задоволат со 0:0 реми со Њукасл во првото коло од новата сезона во Лигата на шампиони. Во вториот меч од 18.45 часот, Лајпциг успеа да стигне до 3:1 победа на гости кај швајцарскиот Јанг бојс.


Њукасл се вратија во европското елитно натпреварувањее по пауза од 20 години и против себе го добија високомотивираниот Милан, „повреден“ по 5:1 поразот од Интер во градското дерби од Интер во Серија А. Во нивниот состав беше и херојот на навивачите на „росонерите“, Сандро Тонали, кој доби убав пречек.

Првото полувреме помина целосно во знак на домаќините, кои имаа дури 15 удари на противничкиот гол, но Рафаел Леао и Оливие Жиру промашуваа и сигурни топки. Во второто полувреме и тимот на Еди Хау ја смени тактиката, но до гол не успеаја да дојдат. Вечерва во истата група, која беше наречена „група на смртта“, ПСЖ го пречекува тимот на Борусија Дортмунд.

Во Швајцарија не недостасуваа голови. Мохамед Симакан по само три минути игра ги донесе РБ Лајпциг до водство против Јанг бојс, но домаќините израмнија преку Мешак Елија во 33. минута од мечот. Важна победа за бундеслигашот обезбеди Ксавиер Шлагер во 77. минута од мечот, пред Бенјамин Шешко да стави печат на мечот во 93. минута.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА Ф
Милан – Њукасл 0:0
Пари Сен-Жермен – Борусија Дортмунд 21.00 ч.
ГРУПА Г
Јанг бојс – РБ Лајпциг 1:3
Манчестер сити – Црвена звезда 21.00 ч.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK