Фудбалерите на Борнмут направија нестварен пресврт во англиската Премиер лига. На домашен терен по првиот дел губеа од Лутон 0:3, на крајот славеа со 4:3.
Головите ги постигнаа Тахит Чонг (9), Киедози Огбене (31) и Рос Баркли (45+1). Сепак, од 50. минута од натпреварот Борнмут го започна пресвртот, петти ваков во историјата на Премиер лигата, а прв од 2003 година. Стрелци беа Доминик Соланке (50), Иља Забарњи (62) и Антоан Семењо (64, 83).
Борнмаут со деветтата сезонска победа стигна до 35 бода, но остана на 13. место, додека Лутон го претрпе петтиот пораз во последните шест натпревари и со 21 бод е на 18. позиција и во зоната за испаѓање.