(Видео) Нестварен автогол си постигна голманот на Хамбург

Видео-Нестварен-автогол-си-постигна-голманот-на-Хамбург.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Нестварен автогол е постигнат вечерва во градското дерби, во Цвајта, меѓу Сент паули и Хамбург.

Сент Паули водеше со 2:0, на крајот Хамбург дојде до 2:2. На табелата Сент Паули е лидер со 31 бод, три повеќе од Хамбург.

Интересно и покрај тоа што се градски ривали, ова беше само 32. дерби меѓу Хамбург и Сент Паули. Двата тима низ историјата само 13 сезони се натпреварувале во ист ранг.

Еден детал од овој натпревар ќе влезе во историјата на градските пресметки, тоа е автоголот на голманот на Хамбург, Даниел Хојер Фернандеш во 27. минута.

Немаше баш најдобра комуникација со соиграчите од одбраната, па несмасно ја зафати топката и ја закова под гредата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK