Реал Мадрид немаше пораз оваа сезона додека не дојде гостувањето на „Метрополитано“, каде што во уште едно „Мадрилењо“, градско дерби, Атлетико Мадрид се покажа како подобар и погладен за победа тим, триумфирајќи со 3:1.
Само што почна мечот, во четвртата минута, Алваро Мората ги воодушеви 70-те илјади фанови со убав гол, најавувајќи борба за победа. Во 18. минута, „јорганџиите“ го удвоија водството преку Антоан Гризман, по што Реал Мадрид, конечно, се разбудија и во 35. минута намалија со голот на ветеранот Тони Крос.
Кога се очекуваше дека во второто полувреме, Реал ќе тргнат по победа, Алваро Мората само што почнаа вторите 45 минути зголеми на 3:1. Ова го деморализираше тимот на Карло Анчелоти, кој потоа иако тргна во постојан напад, не успеа да го најде патот до голот на Јан Облак.
Standings provided by Sofascore