Една голема епизода во кариерата на Килијан Мбапе заврши. Францускиот фудбалер вечерва и официјално потврди дека на крајот од сезоната го напушта Пари Сен Жермен.
Но, вториот дел од енигмата сепак останува, бидејќи Мбапе не кажа каде ќе ја продолжи кариерата. Иако, цел свет тоа одамна го насетува.
Епизодата на Килијан во Париз не заврши славно. Трофејот во Лигата на шампионите и оваа сезона остана недостижен за брзиот напаѓач, иако „светците“ важеа за големи фаворити во полуфиналето против Борусија Дортмунд.
Сите други домашни трофеи одамна престанаа да ја задоволуваат гладта и на Ембапе и на навивачите на францускиот клуб.
И покрај тоа што не кажа каде ќе ја продолжи кариерата, тоа најверојатно ќе биде Реал Мадрид.
Мбапе вечерва преку видео порака се прости од навивачите на Пари Сен Жермен.
„Отсекогаш сум велел дека ќе ви се обратам кога ќе дојде вистинското време. Сакам да ве информирам дека ова е мојата последна сезона во Пари Сен Жермен. Нема да го продолжам договорот и оваа авантура ќе заврши во следните неколку недели. Мојот последен натпревар ќе го одиграм на „Паркот на принцовите“ во недела.
Се борам со многу емоции. Имав можност и голема чест да бидам дел од најголемиот клуб во Франција и еден од најдобрите во светот, што ми овозможи да дојдам овде и да почувствувам како е да се игра во голем клуб под притисок. Нашредував како играч, се разбира со едни од најдобрите фудбалери во историјата. Некои големи шампиони. Запознав многу луѓе, созреав како личност, со сета слава и грешки што ги направив“, изјави Мбапе.
MERCI. 🔴🔵 @PSG_inside pic.twitter.com/t0cL2wPpjX
— Kylian Mbappé (@KMbappe) May 10, 2024