(Видео) Мбапе не смее да игра со маската со која тренираше

93d797d0-2f25-11ef-89f0-452ed2ef6233.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Килијан Мбапе нема да оди на операција, поради повредата на носот, во текот на Еввропското првенство.

До крајот на шампионатото тој ќе игра со заштитна маска. Вчера, капитенот на „триколорите“, беше снимен на тренингот со новата опрема, која не може да ја носи на натпреарите.

Да потсетиме, 25-годишниот напаѓач се повреди во дуелот со Кевин Данс и мораше да ја напушти играта пред крајот на натпреварот со Австрија.

Иако првичните прогнози говореа дека тој е под знак прашалник за остатокот од турнирот, вестите од Франција велат дека е можно тој да игра на вечерашниот натпревар против Холандија. Според член 42 од правилникот на УЕФА, медицинската опрема што играчот ја носи на теренот мора да биде еднобојна, а маската на Мбапе е во боите на француската репрезентација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK