(Видео) Македонија ЃП бара оставки во Судиската организација

Видео-Македонија-ЃП-бара-оставки-во-Судиската-организација.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фото/ facebook.com/fkmakedonijagp1932


Македонија ЃП го крена гласот против Судиската организација. Екипата од Ѓорче Петров попладнево загуби во Гостивар, со гол од пенал во 88.минута, но прашање е како ќе завршеше натпреварот, доколку една минута претходно судијата досудеше пенал за Македонија ЃП.

„ Не е само Стојанче Стојанов виновник за ваквите ситуации во 1 МФЛ. Марјан Ристески и оваа Судиска организација на ФФМ се поголеми виновници и воедно потврдија дека се најслабата судиска во историјата на ФФМ, без никаков авторитет.

Марјан Ристески и Димитар Мелкаровски време е за оставки“, објави клубот на својот профил на „Фејсбук“.

Македонија ЃП има 18 поени и доколку утре Воска спорт и Брегалница забележат победи ќе падне на претпоследната позиција на табелата. Гостивар е на петтото место со 24 бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK