Фудбалерите на Наполи и Каљари одиграа без победник (1:1) во натпреварот од 26. коло на Серија А.
Гостите на Сардинија водеа до 96. минута кога Анголан Зито Лувумбо ја погоди мрежата на актуелниот шампион и му донесе вреден бод на тимот кој се бори за опстанок.
🇮🇹 Goal: Zito Luvumbo | Cagliari 1-1 Napoli pic.twitter.com/rY1UJYvdwW
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 25, 2024
Претходно, во 65. минута Виктор Осимен им донесе водство на тимот на Франческо Калцоне, кој дебитираше на клупата на Наполитанците во Серија А.
Овој кикс дополнително го оддалечува Наполи од борбата за европските купови. Четвртото место практично за нив е недостижно, во овој момент имаат 11 поени помалку од Болоња.
Од друга страна Каљари освои значаен бод во борбата за опстанок. Каљари е претпоследен со 20 бода, колку што имаат Сасуоло и Верона.