Во Премиер лигата, во ударниот термин од 16 часот се одиграа само три натпревари. Победа остварија само фудбалерите на Вулверхемптон.
Најмногу голови имаше на југот на Англијам на стадионот „Виталити“ во Борнмут, каде домашните успеаја да избегнат пораз од последнопласираниот Шефилд јунајтед (2:2).
Во 14. минута од пенал Соланке не реализираше пенал. Најдобриот стрелец на Борнмут се лизна при изведувањето на најстрогата казна и топката отиде далеку од голот.
Тоа 15 минути подоцна го казни Густаво Хамер и им донесе предност на гостите од Шефилд. Кога Џек Робинсон го удвои водството на средината на вториот дел, се чинеше дека гостите ќе забележат победа. Сепак, прво Данго Кватара ја намали предноста на Шефилд, а потоа Енес Унал во втората минута од судиското надополнување го израмни резултатот на 2:2.
Нерешено заврши на и натпреварот на „Селхурст Парк“, каде домашниот Кристал Палас водеше до 96. минута.
Кристал Палас поведе во 11. минута по големата грешка на Алфи Доути, Жан-Филип Матета, атрактивено, со петица ја испрати топката во мрежата.
Во продолжение од мечот, домашните фудбалери пропуштија неколку одлични можности да ја осигураат победата. Казната ги стигна во шестата минута од судиското надополнување. Голот за гостите го постигна Коли Вудроу.
Вулверхемптон остварија голема победа надомашен терен против Фулам.
Алжирецот Рајан Аит-Нури го постигна првиот гол, а предноста на Вулвс ја зголеми Том Карни со авто-гол. Алекс Иводи само го ублажи поразот на гостите во судиското надополнување.