Foto/ EPA
Фудбалерите на Интер ја совладаа Рома во првиот од двата дерби натпревари во 10. коло во италијанската Серија А. На „Џузепе Меаца“ беше 1:0 (0:0).
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Маркус Тирам во 81. минута, асистент беше еден од најдобрите играчи на натпреварот Федерико Димарко.
Напаѓачот кој го замени Ромелу Лукаку во нападот на Интер го постигна седмиот гол оваа сезона.
Интер ја заслужи победата, бијќи константно се закануваше кон голот на Руи Патрисио. Два пати играчите на Интер ја погодија рамката на голот. Рома првиот директен удар кон Зомер го упати во 65.минута, кога сериозно се закани Кристанте.
Интер со овој триумф повторно го зазеде првото место во Серија А, со два бода повеќе од Јувентус.
Рома го забележа четвртиот пораз сезонава и сега е на осмото место со 14 освоени бодови.