(Видео) Луда тројка на Дончиќ, Словенецот со 47 поени го сруши Хјустон

39976e29-8b1e-4120-b64e-ed7e0c1c0a07.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лука Дончиќ одигра уште еден неверојатен натпревар во НБА лигата, а неговите Далас Маверикс го победија Хјустон Рокетс со 125:107 и ја прекина нивната серија од 11 последователни победи. Словенецот го заврши натпреварот со 47 поени, 12 скока и седум асистенции.


Дончиќ беше особено импресивен во првата четвртина во која постигна 22 коша. До полувремето дојде до 32 поени.

Натпреварот го заврши со 9/16 тројки, со што го израмно личниот рекорд. Неговиот вкупен шут на синоќешниот натпревар беше 18/30. Кајри Ирвинг додаде 24 поени со седум асистенции за Мавс.

„Тој покажа зошто е еден од најдобрите кошаркари во светот. Правеше кошеви, ја читаше играта и играше одбрана. Од него се бара да си ја заврши работата, а на овој натпревар го направи тоа на многу високо ниво”. изјави тренерот на Далас Џејсон Кид за Дончиќ.

Особено се издвојува неверојатниот кош од безизлезна ситуација во акцијата во третата четвртина. Овој кош во транс го фрли коментаторот на натпреварот.

„Што? Што? Ова е лудо“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK