Foto/ EPA
Фудбалерите на Ливерпул по пресврт го совладаа Кристал Палас со 2:1 во 16. коло од Премиер лигата.
Со оваа победа Ливерпул се искачи на челната позиција на табелата со бод и натпревар повеќе од Арсенал, додека Палас остана на 14. позиција со 16 бодови.
Првото полувреме донесе просечен фудбал на „Селхарст Парк“, Ливерпул немаше ниту еден удар кон противничкиот гол, додека Палас создаде само една шанса.
На почетокот на вториот дел Ливерпул се обидуваше да постигне гол, но Кристал Палас одлично се бранеше.
Вд една полуконтра на домашните беше соборен Жан-Филип Матета, а главниот судија на натпреварот Енди Медли покажа на белата точка по сугестија на ВАР.
Одговорноста ја презеде Французинот, кој рутински во 57. минута од пенал го совлада Алисон и му донесе предност на Палас.
Сепак, по примениот гол, Ливерпул ја презеде тоталната иницијатива, напаѓаше постојано, но без вистинска шанса да се закани кон голот на Џонстон.
Палас добро се држеше до 75. минута, кога Џордан Ају беше исклучен поради вториот жолт картон.
Казната дојде 60 секунди подцна, Куртис Џонс му асиситираше на Мохамед Салах, кој со силен удар ја погоди мрежата за 1:1.
Тоа беше негов вкупно 150. гол во Премиер лигата.
foto/ epa
Притисокот на Ливерпул до крајот на натпреварот вроди со нов гол, овојпат Салах беше асистент, а погоди Харви Елиот во 92.минута.