Ливерпул ја оствари четвртата победа во Премиерлигата оваа сезона откако на гости со пресврт го совлада Вулверхемптон со 1:3. Тимот на Јирген Клоп во моментот е на првата позиција на табелата со 13 бода.
Вулверхемптон поведе со голот на Хванг Хи-Чан во седмата минута, но Ливерпул возврати силно во вториот дел.
Мохамед Салах беше троен асистент. Коди Гакпо израмни во 55.минута, а Енди Робертсон во 85.минута се погрижи за пресврт. Точка на триумфот стави Харви Елиот во судиското продолжение.