(Видео) Ливерпул без решение за бункерот на „црвените ѓаволи“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA



Без победник заврши најголемото дерби во англискиот фудбал помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед немаше голови.

Манчестер јунајтед со јасна цел дојде на „Енфилд“, да не прими гол. На крајот бункерот издржа.

Статистиката вели дека Ливерпул ја имал топката во своите нозе 68 проценти од времето, кон голот на противникот упатил 34 удари, осум од тие удари одеа во рамката на голот, што значи дека Андре Онана забележа осум одбрани.

Манчестер јунајтед упати шест удари кон голот на Ливерпул, еден кон противничкиот гол и тоа му донесе на Алисон Бекер една одбрана.

Ливерпул, очекувано нападна од самиот почеток, се обидоа Дарвин Нуњез, Мохамед Салах, Луис Дијаз, Трент Александер-Арнолд, а во финишот на полувремето Онана чудесно го одбрани ударот на Ван Дајк.

Единствената вистинска шанса за гостите ја имаше Расмус Хојлунд. Данецот во 67.минута имаше ситуација еден на еден со Бразиелцот, но ен успеа да погоди.

Ливерпул ја пропушти шансата уште еднаш да се врати на врвот. Арсенал останува лидер со 39 бодови, Ливерпул и Астон Вила имаат по 38 поени.

Јунајтед со првото реми сезонава во Премиер лигата дојде до 28 поени и седмото место на табелата.

Во следното коло Ливерпул ќе игра уште едно дерби, прптив Арсенал на „Енфилд“, додека Јунајтед гостува кај Вест Хем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK