Фудбалерите на Кристал Палас го декласираа Манчестер јунајтед со 4:0, во последниот натпревар од 36. коло на Премиер лигата. удбалерите на Кристал Палас ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари во Премиер лигата.
Од првата минута забележливо беше дека играчите на Манчестер јунајтед не се „во натпреварот“. Како изгледаа на теренот можат да бида задоволни со поразот од 4:0.
Дебаклот го најави Мајкл Олисе во 12.минута. .
Истиот играч десет минути подоцна имаше уште две убави шанси, а во 40. Жан Филип Матета ја удвои предноста на домашните.
На почетокот на вториот му беше поништен гол на Јунајтед, а потоа започнаа да се редат шансите пред голот на Андре Онана.
Еберечи Езе, Тајрик Мичел и Вил Хјуз, не успеаја да реализираат, но во 58. минута споменатиот Мичел зголеми на 3:0.
Точка поразот на Јунајтед стави играчот кој ја започна серијата, Мајкл Олисе во 66. минута. До крајот на мечот Одсон Едуард ја погоди стативата.
Палас е 14. на табелата со 43 бодови, додека Јунајтед е осми со 54 бодови, исто колку и седмопласираниот Челзи.
Јунајтед во следното коло ќе го пречека Арсенал, додека Палас ќе гостува кај Вулверхемптон.