(Видео) Коментарот на Медведев за казната на Синер одекна во светот на тенисот


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот тенисер Даниил Медведев имаше интересен предлог за сите кои потенцијално би паднале на допинг тест.


Тенискиот свет зборува за случајот „Јаник Синер“, откако Италијанецот се спогоди со Светската антидопинг агенција (ВАДА).

Синер прифати тримесечна суспензија и ќе му се врати на тенисот на 4.мај.

„Се надевам дека отсега сите ќе можат да разговараат со ВАДА и ако тие кажат: „Ви најдовме ова, ќе бидат две години (суспензија)“, ќе одговорите: „Не, сакам еден месец“. Се надевам дека тоа ќе биде преседан. Во спротивно, ќе биде чудно“, рече Медведев.

Да потсетиме, Синер во март минатата година двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостебол, но Меѓународната агенција за интегритет во тенис го ослободи од обвиненијата.

ВАДА ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража.

На резултатите на Синер е пронајдено многу мало количество клостебол, а контаминацијата наводно била предизвикана од крем за масажа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK