„Знам дека ова ќе биде шок за оние што го слушаат првпат, но ќе објаснам. Или барем ќе се обидам“, изјави еден од најголемите менаџери во историјата на Ливерпул и откри дека ќе се повлече од функцијата на крајот од сезона по девет незаборавни години на „Енфилд“.
Германецот го презеде Ливерпул во 2015 година и со клубот ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Лига купот.
Одлуката која ја шокираше јавноста ја обзнани преку видео порака која е објавена профилите на Ливерпул на социјалните мрежи.
„Сакам апсолутно сè што е поврзано со овој клуб, го сакам градот, нашите навивачи, тимот, го сакам персоналот. Но, фактот што ја донесов оваа одлука, покажува дека сум убеден дека морам да ја донесам. Тоа е дека, како да кажам, јас сум на крајот од моите сили. Сега немам проблем, очигледно, долго време знаев дека во одреден момент ќе треба да го објавам, но сега сум сосема добро.
Знам дека не можам да ја работам работата одново и одново и одново и одново. После годините поминати заедно и после сето време поминато заедно и после се што поминавме заедно, порасна почитта кон тебе, порасна љубовта кон тебе и најмалку што ти должам е вистината – и тоа е вистината. Толку“, изјави Клоп.
🚨💣 OFFICIEL ! 𝗝𝗨̈𝗥𝗚𝗘𝗡 𝗞𝗟𝗢𝗣𝗣 𝗔𝗡𝗡𝗢𝗡𝗖𝗘 𝗤𝗨’𝗜𝗟 𝗤𝗨𝗜𝗧𝗧𝗘𝗥𝗔 𝗟𝗜𝗩𝗘𝗥𝗣𝗢𝗢𝗟 𝗔̀ 𝗟𝗔 𝗙𝗜𝗡 𝗗𝗘 𝗟𝗔 𝗦𝗔𝗜𝗦𝗢𝗡 ! 👋pic.twitter.com/7a1ytFHKkG
— Actu Foot (@ActuFoot_) January 26, 2024