(Видео) Јунајтед од „белата точка“ го победи Евертон

Untitled-1-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Манчестер јунајтед пред своите гледачи го совладаа Евертон со 2:0 (2:0) во натпреварот од 28. коло на Премиер лигата.


Манчестер јунајтед триумфираше благодарение на Алехандро Гарначо. Младиот Аргентинец избори две најстроги казни.

Пеналите ги реализираа капитенот Бруно Фернандеш во 12. минута и Маркус Рашфорд во 36. минута.

„Ѓаволите“ го победија и Евертон на Гудисон во првиот дел од сезоната, со 3:0, исто така со голот на Рашфорд од пенал и асистенција на Фернандеш.

Избраниците на Ерик Тен Хаг на тој начин ја прекинаа серијата од два порази во Премиер лигата кои ги претрпеа Манчестер сити и Фулам.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK