(Видео) Јокиќ со тројки и пресуди на Индијана, Клиперси ја добија градската пресметка со Лејкерси

Видео-Јокиќ-со-тројки-и-пресуди-на-Индијана-Клиперси-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денвер Нагетс ја забележаа третата победа во низа, на турнејата по Источната конференција, а Клиперси лесно ја добија градската пресметка против Лејкерси.


Денвер Нагетс победија против Индијана 114:109. Никола Јокиќ оствари трипл дабл и повторно беше најзаслужен за победата на актуелните шампиони во НБА.

Јокиќ мечот го заврши со 31 поен (13/19 шут од поле, 3/4 тројки), 13 скока и 10 асистенции, тој три тројки постигна во последниот период во моментите кога се решаваше победникот.

Ова беше 118. трипл дабл за Јокиќ во регуларниот дел од сезоната и се зацврсти на четвртото место на вечната листа.

Индијана со тоа стана 28-та екипа во лигата против која Јокиќ има барем еден трипл дабл. Единствениот тим против кој досега не успеал да има двоцифрени бројки во три статистички категории е Вашингтон. Интересно, тој играше против Визардс пред два дена и му недостигаа две две асистенции за трипл-дабл.

Српскиот ас брилијантно го следеше Џамал Мареј кој имаше 31 поен, осум скока и седум асистенции. Кај Индијана најефикасен беше Тарнер со 22 поени, Меконел постигна 17, додека Паскал Сијакам имаше 16 поени и 10 скока во дебито за Пејсерси на домашен терен.

Клиперси се многу подобар тим од Лејкерси во НБА во моментов. Во дербито во Лос Анџелес, помалку популарната и помалку успешна франшиза победи со 127:116.

Клиперси водеа практично од почетокот на мечот, а најблиску Лејкерси беа на почетокот на четвртата четвртина (110:108).

Сепак, следеше серија од 8:0 и Клиперси ја обезбедија победата. Предводникот во победата беше Кави Ленард со трипл дабл учинок од 25 поени, 11 скока и 10 асистенции. Харден постигна 23 поени и 10 асистенции, а Пол Џорџ постигна 17 поени.

Кај Лејкерси најефикасен беше Расел со 27 поени со 10 асистенции, додека Ентони Дејвис постигна 26 поени и 12 скока.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK