(Видео) Јанис не е сигурен дека ќе остане во Милвоки

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јанис Адетокумбо не ја исклучи можноста по завршувањето на сезоната 2023/204, која ќе стартува во ноември да го напушти клубот.


Адетокумбо целата своја НБА кариера, од 2013 година, ја помина во Висконсин.

Со Бакс, тој ја освои и титулата во НБА во 2021 година, прва по 50 години и ерата на Карим Абдул-Џабар.

Сепак, тој најави дека би можел да го напушти тимот доколку добие поголема шанса повторно да стане шампион.

„Јас сум Милвоки Бак, но што е најважно, јас сум победник. Доколку постои подбра ситуација да го освојам трофејот Лери О’Брајен (НБА трофејот), морам да ја прифатам“, рече Јанис.

Од лани за грчкиот кошаркар се шпекулира дека кариерата би можел да ја продолжи во Голден стејт Вориорс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK