Италија со победа над Албанија ја започна одбраната на титулата

12301520.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелниот шампион Италија со победа над Албанија од 2:1 ја запошна одбраната на титулата на Европското првенство.


 

Натпреваро запошна шокантн за Италијанците кои примија гол по само 23 секунди. Бајрами ја искористи грешката на Димарко и го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП. До последната минута од натпреварот тоа беше се што направија Албанците на овој натпревар.

По голот фудбалерите на Албанија веднаш се повлекоа зад топката, а на Италијанците не им требаше многу за да се вратат во игра.

Италија имаше корнер во 11. минута од натпреварот, топката дојде до Пелегрини кој упати одличен центаршут и на втората статива го пронајде Бастони кој ја заби топката во мрежата.

Само пет минути подоцна Италија направи целосен пресврт. Николо Барела ја искористи лошо исфрлената топка од албанската одбрана и упати фантастичен волеј удар кој Стракоша не можеше да го одбрани.

Италија целосно ја презеде иницијативата, Албанија чекаше прилика од контранапад, а во 33. минута Фратези можеше да ја зголеми предноста на „аѕурите“, сепак стативата го спаси Стракоша.

До крајот на првото полувреме Скамака можеше да постигне гол во 40. минута, Стракоша беше на вистинското место и го одбрани ударот на напаѓачот на Аталанта.

Во второто полувреме, Италијанците се решија само да ја контролираат топка и да чекаат грешка на Албанците. Во 60. минута Скамака му ја додаде топката на Киеза, но играчот на Јувентус од 16 метри шутираше покрај стативата.

До крајот Италија имаше иницијатива на теренот, но не успеа да направи многу. Нападите беа бавни, без вистинска идеја и без желба да се нападне голот на Албанија.

Таквата определба можеше сакпо да ги чини, бидејќи Манај имаше шанса во 90. минута по одлична долга топка, но ударот го одбрани Донарума.

Следниот натпревар „азурите“ ќе го играат за пет дена против Шпанија, додека Албанија ден порано ќе игра со Хрватска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK