Фудбалерите на Атлетико Мадрид славеа на гости кај градскиот ривал Хетафе, додека Селта како домаќин во Виго забележа победа над Атлетик Билбао во натпреварите од 36. коло на шпанската Примера.
Тимот на Чоло Симеоне го победи Хетафе со 3:0 Хет-трик постигна Антоан Гризман.
Со овие три бода мадридските црвено-бели го потврдија четвртото место и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Тоа стана јасно и математички бидејќи во исто време Атлетик Билбао беше поразен во Виго од Селта со 2:1.
Баскијците поведоа преку Алекс Беренгер во 23. минута, но светло сините го свртеа резултатот во вториот дел. Јунак на победата беше 20-годишниот Уго Алварез. Тој влезе во игра во паузата меѓу двете полувремиња и најпрво му асистираше на Швеѓанецот Вилиот Сведберг за израмнување во 68.минута, а три минути подцна постигна убав гол за 2:1.
Селта сега има пет бода повеќе од Кадиз, кој се наоѓа на 18.место на табелата.