Албанските фудбалери ја победија во Тирана, Полска со 2:0, во натпревар од групата Е.
Стрелци беа Јасир Асани во 37 и Мирлинд Даку во 62 минута.
“138th Brigade, Katana”. Mirlind Daku’s tattoo goes to the national hero of the UCK, Agim Ramadani pic.twitter.com/IleEMvgI85
— Klaudio Ndreca (@klaudiondreca7) September 10, 2023
Натпреварот сепак го одбележаа скандалозни сцени.
Во Тирана имаше неколку стотици полски навивачи, кои дојдоа да ја бодрат својата репрезентација.
Како што пишуваат медиумите, испровоцирани од Албанците, Полјаците тргнале кон нив, но полицијата спречила посериозни судири.
„Летаа“ столчиња, во теренот беа фрлени факели, а натпреварот мораше да биде прекинат на неколку минути.