Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол го постигна еден од најубавите голови во величествената вечер од Лигата на шампионите.
Реал Мадрид и Манчестер сити одиграа 3:3 на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Во меч со шест гола и два пресврти топки видовме најмалку четири евроголови, од кои еден постигна Јошко Гвардиол.
Во 70. минута хрватскиот дефанзивец погоди, со послабата десна нога, на прекрасен начин.
„Каков натпревар, неверојатен! Беше неверојатно искуство да се игра на овој стадион и многу сум среќен што го постигнав мојот прв гол против толку силен противник. Мојот прв допир со топката не беше најдобар, но тогаш си реков дека ќе шутирам, па што биде нека биде“, изјави Гвардиол за „ТНТ Спортс“.
Реваншот ќе се одигра на „Етихад“ наредната среда.