Натпреварот меѓу градските ривали Аполон и АЕЛ Лимасол во Купот на Кипар заврши со физичка пресметка.
Фудбалерот на АЕЛ, Луи де Лукас, кој неодамна пристигна од шкотскиот Ливингстон, со тупаници ја реши расправијата со Елиел Перец.
Израелецот, според пишувањата на кипарските медиуми, постојано расно го навредувал Де Лукас. Кога судијата означил крај на натпреварот 29. годишникот од Доминиканска Република физички се пресметал со него.
Де Лукас со соопштение им се извини на навивачите, пријателите на АЕЛ и Фудбалскиот сојуз на Кипар.
„Се извинувам и жалам за инцидентот по натпреварот од купот. Моите постапки се неприфатливи и непрофесионални. Сакам да му се извинам на колегата што го удрив, но и на другите жртви на моето неразбирливо однесување. Професионално се однесував во секој клуб“.
Тој не сакаше да ги оправдува своите постапки, но …
„Ми се замати умот… а противничкиот фудбалер беше непрофесионален и се однесуваше неприфатливо од моментот кога влезе во игра. Постојано ме навредуваше на расна основа, а јас не сакам да ги повторам зборовите со кои ме навреди. Никогаш во кариерата не сум доживеал ваков расизам. Поради фрустрација и понижување не размислувам, па и мојата реакција беше недостојна. Нема оправдување за тоа. Расистичките навреди ги пријавив во полиција, а со адвокат одам понатаму во Фудбалскиот сојуз на Кипар, УЕФА и ФИФА“.
Luiyi De Lucas, jogador do Ael Limassol, acertou um golpe no rosto do jogador Eliel Peretz do Apollon Limassol após o fim do jogo de ontem válido pela Copa do Chipre.
Ambos os jogadores foram expulsos. Não se sabe até agora o que Peretz disse para De Lucas. pic.twitter.com/pSlqLCbnR1
— Futebol Cipriota 🇨🇾 (@FutebolCipriota) February 22, 2024