(Видео) Ѓоковиќ ги откри деталите од конфликтот со навивачот на трибините: „Очекував дека атмосферата ќе биде доста непријателска“

Новак-Ѓоковиќ-во-Париз-го-освои-40-тиот-мастерс-трофеј.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новак Ѓоковиќ го совлада Алекс Попирин во второто коло на Австралија опен по голема битка во четири сета, а мечот го одбележа и конфликтот со грубите австралиските навивачи.


Ситуацијата беше комплицирана со новото правило кое сега им овозможува на навивачите да влегуваат помеѓу секој гем, да стануваат, да шетаат и генерално да ги деконцентрираат играчите.

Ѓоковиќ се осврна на тоа правило и на фактот дека спортот се повеќе е подреден на шоу-бизнисот.

„Спортот ќе мора да се прилагоди на овие движења. Овие појави не се нешто што доаѓа, туку постои веќе некое време, тоа е дел од нашата сегашност. Секој Грен слем е единствен на свој начин; УС Опен е убедливо најгласен, каде сè се врти околу таа забава и забавна програма. Публиката е гласна, пијат неколку пијачки, се забавуваат – и мислат дека имаат право на тоа со купување карта, дека можат да ги кажат работите што сакаат, да се изразат и да се однесуваат како што сакаат. Дали ова е во согласност со некој морален кодекс и нормално очекувано однесување на тениските турнири? Веројатно и не е во вакви ситуации, особено онаа што се случи против Попирин“, кажа српскиот тенисер, пренесе нова.рс.

Потоа се осврна на целата атмосфера на тој натпревар.

„Очекував дека атмосферата ќе биде доста непријателска кон мене и дека стадионот ќе навива за австралискиот тенисер – но не очекував дека некои луѓе ќе отидат толку далеку, да навредуваат. Некој тогаш ги премина сите граници на пристојно однесување, па морав да му се спротивставам и да го повикам да дојде да ми го каже в лице што го кажа на трибините. Потоа – да не речам во жаргон – се исплаши и почна да се извинува – од далечина“.

„Би сакал да слезе на теренот, да дојде до мене и да слушнам што е тоа – да направиме малку муабет“, одговори Новак на прашањето што би направил ако навивачот одлучеше да дојде кај тенисерот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK