Фудбалерите на Јувентус одиграа нерешено 1:1 (0:0) со Емполи во Торино во 22. коло од италијанската Серија А.
Проблемите на Јувентус против претпоследно пласираниот тим во Серија А започнаа во 18.минута кога Милик доби црвен картон поради груб старт.
И со играч помалку Јувентус дојде до предност. Влаховиќ добро реагираше пред голот на готите во 50.минута. Српскиот репрезентативец е во добра форма, оваа е негов петти гол на последните три натпревари, вкупно 12. во Серија А оваа сезона.
Голем бод на Емполи му донесе Томазо Балданчи во 70.минута.