Квалификацискиот меч помеѓу Ерменија и Хрватска во Ереван, накратко беше прекинат откако во првото полувреме над главите на играчите пролета дрон со знаме.
Во 35. минута од мечот, дронот се појави над теренот со знаме на Артсакт (Нагорно Карабах), непризнаената држава која се наоѓа во границите на Азербејџан, во која со децении трае конфликт на ерменското население со азербејџанските војници. Ова предизвика аплаузи и овации на стадионот.
Инцидентот наликува на тој од Белград пред девет години, кога мечот помеѓу Србија и Албанија беше прекинат од дрон со албанско знаме и со мапа на голема Албанија.
Chants of “Artsakh, Artsakh” heard from Republican Stadium in Yerevan, Armenia as the Armenian National team plays against Croatia in the Euro 2024 qualifiers. #ArtsakhStrong #OpenArtsakh pic.twitter.com/zk7zc8IuWs
— 301🇦🇲 (@301arm) September 11, 2023