(Видео) Драма на „Емирејтс“, Арсенал го доби пенал рулетот против Порто

12093856.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Арсенал се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Арсенал во реваншот го победи Порто по изведувањето пенали со 4:2, откако по 120 минути игра резултатот беше 1:0.


На првиот натпревар одигран во Португалија, Порто победи со 1:0, што значи дека избраниците на тренерот Микел Артета за возврат се соочија со тешка задача. Арсенал поведе во 41. минута со голот на Леандро Тросард кој го искористи одличното додавање на Мартин Одегард и го погоди спротивниот агол од голот на Порто.

Тоа беше единствениот гол на натпреварот во регуларното време. Откако немаше голови и во продолженијата, следуваа пеналите.

Во пенал рулетот херој стана Давид Раја, кој ги одбрани ударите на Вендел во втората и Галено во четвртата серија. За Порто погодија Пепе и Грујиќ. Од пенал за Арсенал погодија Одегард, Хаверц, Сака и Рајс.

Покрај Арсенал, пласман во четвртфиналето обезбедија Пари Сен Жермен, Баерн, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Барселона.

Утре ќе бидат познати и последните учесници во четвртфиналето откако реваншите ќе ги одиграат Атлетико и Интер, односно Борусија Дортмунд и ПСВ Ајндховен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK