Далас Маверикс една победа ги дели од пласман во големото финале во НБА лигата. Третиот меч од финалето на Западот, прв на домашен терен, го доби со 116:107.
Далас со серијата 14:3 дојде на победа од пласман во првото конференциско финале по пауза од 13 години. Ниту еден тим во досегашните 154 серии не испуштил предност од 3-0. Само четири тима успеале да изедначат на 3-3 но не и да ја добијат „мајсторката“.
Маверикс ги предводеа Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, двајцата постигнаа по 33 поени, Дончиќ додаде седум скока, пет асистенции и исто толку украдени топки, додека Ирвинг имаше три скока, четири асистенции и една украдена топка.
На спротивната страна најефикасен беше Ентони Едвардс со 26 поени, Мајк Конли постигна 16, Џејден МекДаниелс поен помалку, а Карл-Ентони Таунс и Наз Рид постигнаа по 14 поени.
Четвртиот натпревар на програмата е во среда од 2.30 часот по средноевропско време, домаќин ќе биде Минесота.