(Видео) Дончиќ и Далас во финалето на Западот

12236411.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кошаркарите на Далас ја победија Оклахома со 117:116 и се пласираа во финалето на Западната конференција.

Маверикс со вкупен резултат 4:2 го победија Тандер, тимот кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место на Западот.

Победничките поени за Далас ги постигна Пи Џеј Вашингтон од линијата за слободни фрлања на 2,5 секунди до крајот, поточно го погоди првото, а намерно го промаши второто, а во преостанатото време играчите на Тандер имаа само време да шутираат од својата половина и не успеаја да реализираат.

Оклахома пропушти голема шанса да избори мајсторка бидејќи во третата четвртина имаше предност од 17 поени.

Херој на Маверикс, како и обично, беше фантастичниот Словенец Лука Дончиќ, кој блескаше и оствари трипл-дабл со 29 поени и по 10 скока и асистенции.

Трагичар на Оклахома беше нејзиниот најдобар играч, Шај Гилџис-Александер, кој го фаулираше Вашингтон. Најефикасниот кошаркар на натпреварот постигна дури 36 поени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK