(Видео) Дончиќ ги реши Клиперси, Милвоки немоќни беа Јанис, Минесота го растури Феникс

1714198413-24118118608655.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Далас и Индијана поведоа во четвртфиналните серии против ЛА Клиперс односно Милвоки со 2-1, а Минесота ја забележа и третата победа во дуелот со Феникс во плеј-офот.

Далас славеше пред своите навивачи против Лос Анџелес Клиперс со 101:90. Како и обично, Дончиќ беше најдобар во својот тим, со 22 поени, имаше десет скока и девет асистенции.

Го следеа Ирвинг со 21 поен, Лајвли со 13 и Џонс со 11 поени. На другата страна Харден и Пауел беа подобри од останатите со 21 поен, Хрватот Ивица Зубац имаше учинок од 19 поени, осум скока и една асистенција.

Доколку нема сензационален исход, Денвер и Минесота ќе играат во четвртфиналето на Западната конференција.

Минесота го оствари третиот триумф против Феникс на гостински терен, убедливо со 126:109.

Едвардс беше одличен со 36 поени, девет скока и пет асистенции, поддршка имаше во Гобер кој постигна 19 поени и 14 скока, и Таунс со 18 поени и 13 скока. На другата страна се истакнаа Бил со 28, Дурент со 24 и Букер со 23 поени.

Индијана извојува голема победа по продолжение против Милвоки со 121:118. Блескаше Мидлтон со 42 поени и десет скока, Лилард со 28, Портис со 17 поени и 18 скока, но сепак победата ја однесе Индијана во чии редови се истакнаа Тарнер со 29 и Халибертон, кој забележа трипл-дабл, 18 поени скокови и 16 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK