(Видео) Доминација на Шенгун против Венбањама и Сан Антонио

28422eb4-alperen-sengun-victor-wembanyama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот центар на Хјустон, Алперен Шенгун, кого во Американците го нарекуваат „Бејби Јокиќ“, ја обележа изминатат ноќ во НБА лигата.


Денвер и Далас доживеаја порази и покрај одличните партии на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Денвер по едно продолжение загуби од Феникс 107:117. Јокиќ мечот го заврши со 25 поени, 16 скокови и пет асистенции.

Дончиќ имаше трипл-дабл од 39 поени, 10 скокови и 11 асистенции, но Далас доживеа убедлив пораз од Индијана 120:137.

Шенгун го предводеше Хјустон до победата во дербито на Тексас. „Ракетите“ славеа против Сан Антонио 114:101. Шнегун забележа 45 поени(личен рекорд) и 16 скокови. Турчинот го доби и дуелот со Виктор Вембањама кој имаше 10 поени и 11 скокови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK