(Видео) Димитриевски најзаслужен за бодот на „Ел Сардинеро“


14239717.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Валенсија одиграа 2:2 на гостински терен против Расинг Сантандер во натпреварот од осмото коло на Ла Лига.


Агонијата на поранешниот двократен последователен европски вицешампион продолжува. Валенсија не може да излезе од зоната за испаѓање. Уште повеќе, може да биде задоволна со бодот од Сантандер, бидејќи Расинг водеше со 2:1.

„Лилјаците“ имаат само пет бода по осум кола. Парадоксот е што четири од тие пет бода освоија на гостински терен.

Покрај стрелците на головите, најзаслужен за бодот на „Ел Сардинеро“, беше Столе Димитриевски. Голманот на Валенсија натпреварот го заврѓи со осум интервенции.

Натпреварот започна жестоко, бидејќи Валенсија поведе во втората минута. Дани Раба, роден во Сантандер, погоди во долниот агол. По голот, тој им се извини на домашните навивачи за славењето.

Расинг се обиде брзо да одговори, а Серхио Каналес беше најопасен. Сепак, неговите обиди од далечина не донесоа израмнување, додека голманот на гостите Столе Димитриевски го сопре првиот удар на Јасир Забири без поголеми проблеми.

Домашниот напаѓач беше многу попрецизен во следната шанса. По додавањето од Иниго Висенте, тој влезе во шеснаесетникот и го погоди поблискиот агол, постигнувајќи го својот седми гол во сезоната за 1:1.

Валенсија можеше повторно да поведе пред паузата, но Хави Гера пропушти одлична можност.

Почетокот на второто полувреме донесе нови возбудувања. Расинг поведе веќе во 47-та минута, кога по едно одбивање топката стигна до Иван Мартин, кој ја затресе мрежата со волеј за 2:1.

Се чинеше дека Валенсија ќе се мачи да израмни, но младиот Давид Оторби не ислеше така. 18-годишникот го постигна првиот сениорски гол во својата кариера, откако се најде на вистинското место и ја спроведе топката во мрежата блиску по додавањето на Гера.

На крајот, двата тима имаа можности за победа. Гера не успеа да ја искористи својата шанса за Валенсија, додека Димитриевски направи неколку брилијантни одбрани за да ги спречи обидите на Андрес Мартин и Џанел Белосијан.

Расинг продолжи да притиска, а Пабло Гарсија се обиде со шут дури и од половина терен, но не беше прецизен. Во самиот финиш, Валенсија можеше да го казни домаќинот, но Уго Дуро не успеа да ја погоди мрежата од потенцијално опасна ситуација.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK