Фудбалерите на Осасуна го совладаа Рајо Ваљекано со 1:0 во натпреварот од 17. коло на шпанската Примера.
Во првиот половина час Рајо пропушти две одлични прилики преку Лежен и Мунин, а на крајот од првото полувреме сериозно се закани Де Томас со слободен удар.
Де Томас можеше да постигне гол во 59. минута, но голманот на Осасуна, Херера одлично интервенираше.
Единствената сериозна шанса домашните ја имаше Муњоз на десет минути пред крајот на натпреварот, шутираше со глава, а топката ја погоди гредата.
Во првата минута од судиското надополнување, Осасуна имаше голема шанса за победа. Монакајола шутираше од непосредна близина, а Димитријевски чудесно интервенираше и во тој момент спаси бод за својот тим.
Но за рајо немаше спас во 95.минута кога Раул со глава ја упати топката во мрежата на Димитриевски по одлично изведениот корнер на Арнаиз.