(Видео) Црнa Гора со десет играчи ја победи Бугарија со гол во 96. минута!

Видео-Црнa-Гора-со-десет-играчи-ја-победи-Бугарија-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Црна Гора стигна до импресивна 2:1 победа над Бугарија во ситуација кога беа со играч помалку со голот на Стеван Јоветиќ во 96. минута од мечот за да си ги задржат шансите за пласман на Европското првенство во 2024, додека Данска извлече победа на гости кај Финска и ја искомпликува ситуацијата во групата Г.


Црна Гора дојде во водство со голот на Стефан Савиќ во финишот на првото полувреме, но гостите имаа совршена шанса да го израмнат резултатот кога во 61. минута беше досуден пенал, а Вујачиќ доби црвен картон. Меѓутоа, ударот на Кирил Десподов заврши во рацете на црногорскиот голман Милан Миљановиќ. Сепак, теренската предност бугарската репрезентација го искористи во 79. минута кога Преслав Боруков израмни на 1:1. По ова, Бугарија тргна во напад за победа, со повеќе ситуации пред голот на домаќините, пред Стеван Јоветиќ во 96. минута со убав гол со глава да донесе победа.

Данска, пак, во Хелсинки, стигна до важна 1:0 победа со голот на Пјер-Емил Хојбјерг во 86. минута, резултат со кој Финска, Казахстан и Данска влегуваат со речиси еднакви шанси во финишот на квалификациите.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Е
Фарски Острови – Молдавија 0:1

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Г
Црна Гора – Бугарија 2:1

Standings provided by Sofascore

ГРУПА Х
Казахстан – Северна Ирска 1:0
Финска – Данска 0:1

Standings provided by Sofascore

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK